Македонија им рече НЕ и ги „напика“ во тесна кожа

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

По трет пат Македонската власт одлучно им рече НЕ на притисоците, уцените и негирањата на јазикот на Македонците и нивната национална опрделба.
Прво тоа го искажа претстедателот Стево Пендаровски кога изјави дека ако цената на членството во ЕУ е националното обезличување, тогш ЕУ не ни треба. Втор пат тоа премиерот Заев го најави кога рече дека треба да се подготвиме во Декември можеби да нема почеток на преговорите со ЕУ поради противењето на Бугарија. И трет пат минитерот Димитров некни, кога рече ОК за нашето незачленување во ЕУ, под услов на непризнавање на македонскиот јазик.
Ризично, но храбро од „попустливите“ социјалдемократи. Какви, такви, но со тој потег фактички на Бугарите им ја „збиберија“ кашата што сами си ја замрсија. Тоа им дојде како капак по серијата критики, предупредувања, опомени, забелешки од страна на европските институции, но и на пошироката европска политичка и медиумска јавност.

Сега владата на Бојко Борисов е како во тесна кожа. Не може да мрдне. Што повеќе мрда, повеќе ги стега и жуља. Ако ја попречат Македонија на европскиот пат, ќе го прекршат Договорот со кој се обврзаа да ја подржат на тој пат. А со тоа, пред европската политичка јавност ќе се прикажат како несериозен партнер во имплементирање на меѓународен договор. Освен тоа договорот за добрососедство и пријателство ќе биде вон сила и односите со Македонија ќе се вратат на старите позиции на нетрпеливост и непријателство. Можеби за нас и нема да им биде многу грижа, но освен во ЕУ, ќе го изгубат кредибилитетот и во регионот на Западен балкан, каде сакаат да играат значајна улога на регионална сила. Од друга страна пак, ако по толку закани и кревање на националните чуства до крајни граници ако ни попуштат, домашната националистичка јавност ќе ги „обеси“ на врба. Тоа ќе им биде уште еден минус во купчето што опозицијата и протестантите им ги бројат со недели барајќи промени и избори.
Сега Македонија со политиката на одмереност и упорност во повикување на принципите на меѓународното право на самопределување, стекна предност во европските дипломатски кругови.
И тоа Бугарија го чуствува. Тоа го признава и најголемиот противник на Македонија, Каракачанов кога вели: „Македонската страна нема намера да води отворен дијалог, а властите продолжуваат да сметаат дека некој од страна , Германија, САД, администрацијата во Брисел, или некој друг, ќе изврши притисок врз Бугарија да се поклони“. Ова се пораките што ги гледам. Се надевам дека не сум во право“, вели Каракачанов.

Факт е дека Македонија како ретко кога стекнува пријатели и подршка кај меѓународната заедница. Но имајќи ја предвид европската едногласност во одлучувањето, работата не е завршена во целост и останува да виси одлуката за почеток на преговорите во декември како што беше најавено. Тоа значи дека Македонската дипломатија мора да се бори на два фронта. На едниот со Бугарија, на другиот со земјите членки на Унијата као и со бриселската адмиистрација.
Во таква констелација, кога вагата секојдневно превагнува де на едната, де на другата страна, кога целата македонска јавност е во исчекување на почеток на преговорите како круна на деценискиот од кон ЕУ, дури дрско звучеа изјавите на македонскиот државен врв за црвените линии кои тие нема да ги поминат па макар тоа значело и напуштање на европскиот пат на оваа држава.
Остана да лебди во воздухот дали истакнувањето на црвените линии се катагорично НЕ само на Бугарија, или е тоа двонасочно НЕ упатено и до Европа, инаку позната по нејзината мрзеливост да се замара со ирационалните балкански проблеми од историјата. Тоа во еден момент беше и лукавиот потег на Бугарија која доплнително ги вметна новите барања до веќе усвоениот заеднички документ. Но се чини дека сега сите три страни во процесот на одлучување, Македонија, Бугарија и ЕУ се под споделен притисок, што досега не беше случај. Таа улога ја имаше само Македонија. И ЕУ ако гради демократски принципи кои ги бара од останатите земји, нема да биде тоа ако и самата не ги почитува. Може да бара се што е во преговарачката рамка, или она што е содржано како забелешка во годишните извештаи или во новите правила на приближивање, но нема право да бара национално обезличување на земјата што бара членство во семејството на демократски земји. Тоа правило е над сите други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот