Македонија е единствена во регионот каде социјалниот дијалог со синдикатите и работодавачите е жив, вели Тренчевска

Јована Тренчевска/Фото: Методи Здравев

„Пред две недели бев на конференција на земјите од Западен Балкан во Будимпешта и ние сме единствената земја каде социјалниот дијалог е жив, каде има социјален дијалог и законите и колективните договори се носат низ дијалог на социјалните партнери, вклучително и синдикатите и приватниот сектор“ рече министерката за труд и социјалната политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека се што е во интерес на работниците, за поголеми права, минува низ економско-социјалниот совет, кој во 2023 година одржал 12 седници.

„Тоа е потврда дека дијалогот меѓу синдикатот, работодавачите и Владата е дијалог што се почитува“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека комуникацијата со синдикатите е постојана и дека и во следната, 2024 година соработката меѓу Владата и синдикатите ќе продолжи како и досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот