Мајка од Хрватска сподели приказна за која зборува цел Балкан: Мојот син е келнер во Германија…

Ресторан, услужна дејност /фото: Профимедиа

Поголемиот број луѓе кои ја напуштиле својата земја се воодушевуваат кога во туѓина ќе го слушнат „домашниот“ јазик.

Кога на едно момче од Хрватска му пришол Србин, мајката морала да ја сподели оваа приказна.

Имено, таа останала шокирана кога видела дека синот добил огромен бакшиш тој ден.

-Мојот син работи во Германија како келнер, ние сме Хрвати. Пред некој ден имаше поголем бакшиш од вообичаено. Го прашувам од каде му е , а тој одговори: Беа некои наши па ми го прочитаа името на картичката и ме почастија. Го прашав од каде беа, мислев ќе рече од Загреб, Сплит, Дубровник, Осиек…, атој ми одговори: Од Ужице, Србија. Значи, потврдувам дека во странство сме наши. Да шириме љубов, а не омраза, објави мајката на Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот