Магла на неколку патни правци, можна е појава на поситни одрони

Магла на пат/Фото: Архива на Слободен печат

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри денеска има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и до 100 метри на планинските превои Пресека и Буково, информира ЈП „Македонијапат”.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Додаваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот