Мафијашите Беливук и Миљковиќ планирале атентат врз Вучиќ?

Фото: Принтскрин

Срѓан Лалиќ, кој сведочи на судењето на криминалниот клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во својот исказ пред судот рече дека во групата се разговарало за атентат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а атентатот веќе почнале и да го планираат.

-Во јануари 2021 година Марко и Вељко отидоа кај Звицер по повод раѓањето на неговото дете. Откако добиле информација од делот на црногорските служби дека се планира нивното убиство, на аеродромот се појавиле како жива мамка, за да уапсат дел од крадците. Додека беа таму, па и потоа, со ентузијазам зборуваа за тоа како ги возат во вооружени конвои, како дел од службата стои зад нив, како таа треба да се воспостави и овде во Србија, рече Лалиќ во сведочењето.

„Звицер обезбеди околу пет милиони евра и балистичка помош на делот од тие служби кои се за рушење на политичките структури овде во Србија, за да се донесе некој соодветен, кој би работел во интерес на кланот. За таа цел веќе беа спроведени некои акции преку социјални мерки, пишување пароли. Најголемата пречка ја видоа кај претседателот на владејачката структура, атентат на претседателот. Се зборуваше за поставување експлозивни направи на јавни површини“, сведочеше Лалиќ, според српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот