Маестро Џамбазов и златните славејчиња претставени на мурал во Дебар Маало

Фото: Општина Центар

Mурал на кој е претставен македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов заедно со златни славејчиња од вчера го украсува ѕидот на зграда на улицата Орце Николов во Дебар Маало. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најавува настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот „Златно славејче“ на 25 јануари наредната година, кога ќе се одбележи двегодишнината од смртта на Џамбазов.

Навистина е задоволство да се има муралот на доајенот Александар Џамбазов кој со својот неверојатен творечки опус остави неповторлив белег во својата професија и нашата историја. Тој беше автор на детски песни, иницијатор за формирање на фестивалот „Златко славејче“, пишувач на сценска и филмска музика, македонски диригент и композитор и великан на современата македонска музика. Настанот на 25 јануари ќе претставува своевидно потсетување на музичкиот опус на основачот на детскиот фестивал и доајен Александар Џамбазов – вели Герасимовски.

Минатата година за 70-от роденден на Горан Стефановски, градоначалникот Горан Герасимовски со наслов од „Горан за Горан“ мурал од Стефановски беше насликан на ООУ „Коле Неделковски“. Летово на Културниот центар „Јадро“ и ООУ „Димитар Миладинов“ насликани беа графити инспирирани од 60-та годишнина од земјотресот во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот