МААЕ ветува дека ќе ја спречат нуклеарната програма на Пјонгјанг

МААЕ запорожје EPA-EFE/DEAN CALMA/IAEA / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека агенцијата ќе вложи максимални напори да ја запре нуклеарната програма на Северна Кореја и да го зачува меѓународното непролиферување (неширење) на оружјето, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседателски.

Гроси изјави дека ја споделува загриженоста на меѓународната заедница за севернокорејското нуклеарно прашање.

Гроси го посети Сеул на покана на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, со цел агенцијата заедно со Јужна Кореја да одговори на, како што ги нарекува официјален Сеул, „нуклеарните провокации на Северна Кореја” и да обезбеди денуклеаризација на регионот.

МААЕ нема увид во нуклеарната програма на Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера инспекторите на агенцијата во 2009 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот