Лула предлага Јужна Америка да создаде своја валута – конкурент на доларот

Лула да Силва/ Фото EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва им предложи на јужноамериканските лидери собрани на самитот во Бразилија да создадат нова валута – конкурент на американскиот долар.

„Денеска ги преземаме нашите први чекори за да го продолжиме дијалогот меѓу нас“, рече тој на отворањето на состанокот пред неговите јужноамерикански колеги, од кои отсуствуваше само претседателот на Перу.

Бразилскиот претседател повика на зајакнување на економската, културната и социјалната интеграција на земјите од Јужна Америка. Тој, исто така, предложи создавање регионален енергетски пазар, како и преземање координирана акција за справување со климатските промени.

Лула изрази жалење што во последните години интеграцијата на земјите од Јужна Америка беше прекината од конзервативните влади и дека идеолошките поделби ги поткопаа претходните обиди за соработка.

Денешниот форум во Бразил беше првиот самит на јужноамерикански лидери по повеќе од 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот