Лула го отпушти заменик-шефот на бразилското разузнавање поради истрагата за шпионирање

Лула да Силва / Фото EPA-EFE/Andre Borges

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го отпушти заменик-директорот на националната разузнавачка агенција и четворица шефови на различни оддели.

Продолжуваат истрагите за тврдењата дека агенцијата Абин незаконски ги шпионирала непријателите на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, пренесува Би-Би-Си.

Заменикот, Алесандро Морети, е обвинет дека му дал информации на поранешниот шеф на Абин, Александре Рамагем, политичар од партијата на Болсонаро.

Болсонаро вели дека тој и неговото семејство се прогонувани. Лула го отфрли тоа тврдење, велејќи дека неговата влада не дава наредби на федералната полиција.

Скандалот првпат избувна во четвртокот кога бразилскиот Врховен суд ги отпечати документите во кои Абин беше обвинета за следење на клучни политички и судски фигури кои го критикуваат поранешниот претседател.

Меѓу наводните цели на нелегалното прислушување се тројца судии од Врховниот суд и еден претседател на Долниот дом на Конгресот на Бразил.

Судијата на Врховниот суд Александре де Мораес рече дека полицијата го идентификувала синот на Болсонаро, Карлос како дел од „политичкото јадро“ осомничено дека го наредил нелегалното шпионирање.

Судијата одобри рации во понеделникот во домот и канцелариите на Карлос, кој е градски советник во Рио де Жанеиро.

Рација во домот на синот на Болсонаро

Адвокатот на Карлос Болсонаро не одговори веднаш на барањето за коментар од новинската агенција АП.

Минатата недела полицијата изврши претрес во канцеларијата и домот на Рамагем, кој негираше дека сторил нешто лошо, јавува новинската агенција Ројтерс.

Полицијата се сомнева дека Абин користела израелски софтвер познат како ФрстМајл за нелегално следење на мобилните телефони.

Левичарот Лула тесно го победи Болсонаро, екстремно десничарски политичар, на напнатиот вториот круг од претседателските избори на 30 октомври 2022 година.

Оваа најнова истрага ги надополнува правните проблеми на Болсонаро, кому му беше забрането да се кандидира за функцијата осум години, откако фрли неосновани сомнежи за електронскиот систем на гласање во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот