Лула да Силва: Кој и да го предизвика ова, ќе го најдеме и ќе го казниме

Лула да Силва/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва се огласи на Твитер за нападот на бразилскиот конгрес, Врховниот суд и претседателската палата.

– Сигурно сте го следеле варварството во Бразилија денес. Тие луѓе, кои ние ги нарекуваме фашисти, најодвратното нешто во политиката, ја нападнаа палатата и конгресот. Мислиме дека недостасуваше сигурност. Кој и да го направи ова, ќе го најдеме и ќе го казниме. Демократијата го гарантира правото на слободно изразување, но исто така бара од луѓето да ги почитуваат институциите. Ова што го направија денеска нема преседан во историјата на државата. За тоа мора да бидат казнети, напиша Лула.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот