Лукашенко утре во посета на Русија, предвидена средба со Путин

Александар Лукашенско, Владимир Путин
Александар Лукашенко и Владимир Путин во Москва / Фото: EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / Архива на Слободен Печат

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ќе престојува во работна посета на Русија на 11 и 12 април поради разговори со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Страните планираат да разговараат за клучните прашања поврзани со идниот развој на билатералната соработка, вклучително и спроведувањето на одлуките донесени на состанокот на Врховниот државен совет на Унијата на државите Русија и Белорусија, се наведува во соопштението.

Како што соопштија од прес-службата на претседателот на Белорусија, Лукашенко на 11 април ќе има тет-а-тет средба со Путин.

Тие ќе разговараат за „соработката меѓу двете земји на различни полиња, како и за прашања кои бараат внимание на највисоко ниво, а фокусот ќе биде ставен на регионалната и меѓународната ситуација и начините на координирање на акциите за одговор на постоечките закани и предизвици“.

Прес-службата на претседателот на Белорусија соопшти и дека на 12 април се очекува двајцата претседатели да учествуваат на заедничка манифестација посветена на Денот на космонаутиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот