Лукашенко го прими Шојгу во Минск, бара гаранција од Москва дека ќе ја брани како своја територија

Фото Твитер

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска во Минск го прими рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и притоа изјави дека на неговата земја и се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани „како своја територија“, во случај на надворешен напад врз земјата, пренесе агенцијата Белта.

Средбата со рускиот министер за одбрана следи по неодамнешните разговори меѓу Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин.

-Западните земји не ги исполнуваат и всушност ги погазија договорите за безбедносни гаранции, кои беа дадени со Меморандумот од Будимпешта во замена за повлекување на нуклеарното оружје, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател изјави дека тука е вклучена и економската безбедност.

-Но, каква економска безбедност, ако воведат санкции против нас, Русија“, рече Лукашенко.

Затоа, наведе, го отворил ова прашање во преговорите со претседателот на Русија и дека апсолутно го поддржува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот