ЛШ состави: Ливерпул со Бајчетиќ против Реал, Елмас резерва во Германија

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Вечерва во Лигата на шампионите се играат нови два натпревари од првата рунда во нокаут фазата, а дербито е на „Енфилд“ каде што гостува актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Овој натпревар помеѓу Ливерпул и Реал е реприза на минатогодишното финале во најелитното европско натпреварување. Карло Анчелоти имаше проблеми и беше принуден вечерва да започне без Орлиен Чуамени и Тони Крос кои се повредени.

На спротивната страна под знак прашалник за настап беше Дарвин Нуњез, меѓутоа тој сепак е во стартниот тим на Клоп. Можеби мало изненадување е што младиот Бајчетиќ добива прилика од првата минута.

ЛИВЕРПУЛ:  Алисон; Арнолд, Гомез, Ван Дајк, Робертсон; Хендерсон, Фабињо, Бајчетиќ; Салах, Нуњез, Гакпо. 

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа; Алаба, Рудигер, Милитао, Карвахал; Модриќ, Камавинга, Валверде; Винициус, Бензема, Родриго.

Во вториот натпревар вечерва во Германија се среќаваат Ајнтрахт Франкфурт и Наполи на Елиф Елмас. Македонскиот фудбалер шанса ќе чека од клупата за резерви.

АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ: Трап, Тута, Јакиќ, Ндицка; Бута, Камада, Соу, Макс; Линдстром, Коло Муани, Геце. 

НАПОЛИ: Мерет; Оливера, Ким, Рахмани, Ди Лоренцо; Зиелински, Лоботка, Замбо Ангиса; Кварацкелија, Осимен, Лозано;

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот