ЛШ: Еурофарм Пелистер имаше и пет голови разлика, на крајот загуби убедливо од Пик Сегед

фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер никако да ја прекине серијата порази од почетокот на сезоната во ракометната Лига на шампионите. Денеска македонскиот првак загуби во Унгарија од Пик Сегед со 34:26 (18:19) за седми пораз во рамките од групата „А“.

Првото полувреме му припадна на нашиот претставник контролирајќи го резултатот во своја корист, најпрвин од почетокот одржуваше позитива од два голови разлика, а истата се зголеми и на „плус четири“ во следниот период (7:3, 8:4).

Битолчани успеаја и двапати да дојдат и до највисоки пет голови разлика (9:4, 10:5), но до паузата дозволија домаќините да ја намалат својата негатива и по првиот дел Еурофарм Пелистер имаше само минимални 19:18.

Нашата екипа водеше и на стартот од второто полувреме со 20:19 и 21:20, но потоа следуваше голема серија на противникот од 7:0 за 27:21 на семафорот.

Сега Унгарците го одржуваа водството во нивна полза, не дозволувајќи му на тимот на Ангеловски да се доближи резултатски, а негативата стана уште поголема кога при 28:25 за домаќините, Пик Сегед се погрижи за нова низа на погодоци (33:25) и тука веќе беа решени сите дилеми околу победникот.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Василев со пет голови, а по четири имаа Радивојевиќ и Атанасијевиќ. Следниот меч играчите на тренерот Бранислав Ангеловски ќе го имаат на 22 ноември повторно против Пик Сегед, но овојпат во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот