Лоши вести за купувачите – ЕУ би можела да го забрани или ограничи извозот на облека од втора рака

гардероба секој ден
Фото: Профимедиа

Како што е наведено, на француската иницијатива се приклучија Данска и Шведска, барајќи од ЕУ да ја спроведе Базелската конвенција (за контрола на прекуграничното движење на опасен отпад и нивно отстранување) и да го забрани извозот на опасен текстилен отпад. Веќе десеттина години и во македонија се отвораат вакви дуќани, но купувачите срамежливо се „отвораат“ кон нив, иако цените за наши услови се навистина поволни по 100, 150 денари за парче

Во 2022 година, Европската унија извезла 1,4 милиони тони користена облека и текстил, што е повеќе од двојно повеќе отколку во 2000 година, според податоците на Обединетите нации (ОН). Пред десет дена Франција предложи ЕУ да го забрани извозот на користена облека, со образложение дека може да ја загади природната средина во земјите увозници во ситуации кога таквата облека не може да се препродава на пазарот и завршува на депониите, пишува Хина, пренесува порталот Индекс.

Како што е наведено, на француската иницијатива се приклучија Данска и Шведска, барајќи од ЕУ да ја спроведе Базелската конвенција (за контрола на прекуграничното движење на опасен отпад и нивно отстранување) и да го забрани извозот на опасен текстилен отпад. Сметаат дека извозниците треба да побараат согласност од земјата увозник пред да го транспортираат текстилниот отпад. Ова се лоши вести за трговците кои продаваат користена облека дури и во Македонија, бидејќи има многу вакви продавници кои се занимаваат со овој вид продажба.

Иако нашите сограѓани не пазарат облека од втора рака во толкав обем како Европјаните, сепак во последните години и тие наоѓаат вакви парчиња по свој вкус и по пристапни цени. Како што пред некое време пишуваше „Слободен печат“, веќе десеттина години и кај нас се отвораат вакви дуќани, но купувачите срамежливо се „отвораат“ кон нив. А цените за наши услови се навистина поволни по 100, 150 денари за парче. Некаде може и на кило да се пазарат чевли, ташни, кошули, долна облека, завеси, чаршави, па дури и носени венчаници. Газдите велат дека половната облека е од странство, но сепак не се сите подготвени да влезат, а уште помалку и да ги видат како купуваат таква облека.

-Редовно доаѓам, постојано си наоѓам по нешто. Имаат добар избор, па дури и во разни големини. Исправни се, поминати низ хемиско чистење, но секако се треба претходно да се испере – вели друга наша сограѓанка, која ја сретнавме во една продавница за половна облека во центарот на Скопје.

Извозот на текстилен отпад од ЕУ во земјите во развој предизвикува големи еколошки, социјални и здравствени проблеми. ЕУ мора да застане на патот на таа практика – изјави неодамна заменик постојаниот претставник на Данска во ЕУ Сорен Јакобсен. Целта на вклучувањето на половната облека во Базелската конвенција би била да се намали или дури и да се запре извозот на таа облека од ЕУ и да се поттикне системот за рециклирање текстил во ЕУ, според Франција. Во исто време, кениските трговци предупредуваат на штетните последици од тој потег, бидејќи увозот на половна облека ја зачувува егзистенцијата на многу граѓани и носи даночни приходи во буџетот на земјата, изјави за Ројтерс, Тересија Ваириму Њенга, претседателка на кениското здружение MCAK, која ги застапува интересите на околу два милиони трговци за половна облека. Таа ги отфрли тврдењата дека се увезува многу неупотреблива облека која завршува на депониите.

-Никој не не тера да купуваме ѓубре, ние купуваме квалитетна облека, а доколку некој добавувач се обиде да не измами, категорично ќе ја одбиеме неговата пратка – изјави Њенга. Се вели дека Кенија увезла 177.386 тони користена облека во 2022 година, што е за 76 отсто повеќе од 2013 година, според податоците на ОН. Групата големи африкански увозници на половна облека ги вклучува и Гана, Сенегал и Јужна Африка.

Инаку, продажбата на половна облека би можела да претставува 10 отсто од глобалната модна продажба во 2025 година, објави британски „Гардијан“, повикувајќи се на извештај на аналитичката компанија ГлобалДата. Изданието исто така забележува дека глобалната продажба на користена облека ќе порасне за 18 отсто во 2023 година до 197 милијарди долари. До 2028 година се очекува оваа сума да порасне на 350 милијарди долари. Истражувачите го припишуваат овој тренд на кризата со трошоците за живот и загриженоста на купувачите за еколошката ситуација на планетата.

„Луѓето бараат да купуваат половни предмети за да добијат подобра вредност“, рече Џејмс Рајнхарт, ко-основач и извршен директор на онлајн продавницата за пратки ТредАп. Тој истакна дека моментално интерес за половни предмети е забележан не само кај генерацијата З и Mилениалс, туку и кај претставниците на другите возрасни групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот