Локални избори во Косово на 17 октомври

Избори во Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Претседателката на Косово Вјоса Османи го потпиша денеска указот за одржување на редовните локални избори во земјата на 17 октомври годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од претседателскиот кабинет се наведува дека Османи ја донела одлуката по консултациите со политичките субјекти,одржани на 2 јуни.

Со истата одлука ѝ се наложува на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) да ги преземе сите потребни дејствија за организирање и одржување на изборите согласно законите и овластувањата.

Османи вчера ја разреши Ваљдете Дака од функцијата претседателка на ЦИК и на нејзино место го именува адвокатот Крешник Радоњиќи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот