Локализиран пожарот на планината Готен

Пожарникари / Фото: МИА

Регионалниот центар за управување со кризи на Штип информира дека е локализиран пожарот во атарот на селото Владимирово, општина Берово на планината Готен. Во однос на другите градови, забележани се помали интервенции, при што противпожарните екипи дејствувале веднаш, информира Илија Бојаровски од ЦУК на денешната прес-конференција.

-Во врска со пожарот на планината Готен, станува збор за крак од пожарот на планината, што беше започнат од струмичката страна, над езерото Турија. Во гаснење на пожарот учествувале шумското стопанство Малешево-Берово и подружницата на Национални шуми, Равна река од Пехчево, информира Бојаровски

Тој додава дека подружницата на Национални шуми, вчеравечер се повлекла, но денеска повторно излегле на терен и го локализирале пожарот. Сè уште има чад на одредени места и паднати се дрвја и пенушки.

Во текот на вчерашниот ден околу 14.15 часот противпожарната бригада на Скопје интервенирала во запалена куќа, штала и помошни простории во село Идризово, општина Петровец, што претставувало закана да се прошири во околината.

– Од РЦУК Велес информираат дека во период од 12:10 до 15:50 пожарникарите и четворица вработени во шумското стопанство Бабуна, двајца припадници од МВР и двајца мештани интервенирале на запалена нискостеблеста дабова шума, сува трева, како и два електрични столба на ЕВН. РЦУК Велес претпоставува дека пожарот е предизвикан од електричните столбови, во површина од околу три хектари. Интервенцијата е извршена во атарот на селото Ветерско, информира Бојаровски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот