Лога го достави Решението за регистрирање на правна клиника до Државниот Универзитет во Тетово

Фото: Министерство за правда

Министерот за правда Кренан Лога лично го доставил Решението за регистрирање на правната клиника во регистарот на Министерството за правда до Државниот Универзитет во Тетово.

Решението се предаде во присуство на ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. Др. Куштрим Ахмети, претседателот на Сенатот, проф. Др. Вулнет Амети, деканот на Правниот факултет, проф. Др. Јусуф Зејнели, проректорот за финансии, проф. Др. Фатон Шабани и генералниот секретар на УТ, Адем Беадини, информираат од Министерството.

Фото: Министерство за правда

Лога добил подарок од раководството на Универзитетот – фотографија од основачот и прв ректор на УТ, Д-р. Фадил Сулејмани.

Министерот за правда Кренар Лога рече дека се додека тој раководи со овој ресор, Министерството за правда секогаш ќе има отворена врата за професорите и студентите од правните науки на Универзитетот во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот