
Листа на славни личности кои осигурале делови од телото: Некои се навистина бизарни
Во светот на славните, каде што изгледот и физичките способности често се клучот за успех, многу ѕвезди не препуштаат ништо на случајноста. Веќе со години наназад многу актери, музичари, модели и спортисти преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да го заштитат своето највредно богатство – сопственото тело, склучувајќи осигурување вредно милиони долари.
Препорачано
Што сè се наоѓа на списокот?
Списокот на осигурани делови од телото е долг, а понекогаш и доста необичен. Додека осигурувањето на нозете на супермоделите или гласните жици на пејачите стана речиси вообичаено, некои ѕвезди одат и чекор понатаму. Осигурителните компании имаат склучено полиси за раце, нозе, задници, па дури и за препознатливи насмевки кои вредат милиони.
Џулија Робертс – насмевка
Легендарната насмевка на Џулија Робертс е проценета на дури 30 милиони долари. Нејзината насмевка стана заштитен знак уште од времето на филмот „Убава жена“.
Америка Ферера – насмевка
Џулија не е единствената што ја осигурала својата насмевка. Уште во 2007 година, осигурителната компанија Lloyd’s of London ја проценила насмевката на актерката Америка Ферера на 10 милиони долари, додека била заштитно лице на бренд за избелување заби. „Ласкаво е да имаш осигурана насмевка“, изјави таа тогаш.
Дејвид Бекам – нозете
Кога бил на врвот на својата кариера, Дејвид Бекам ги осигурал своите нозе на неверојатни 140 милиони долари. Логично, со оглед на тоа дека токму тие го прославија.
Кристијано Роналдо – нозе
Неговиот колега Кристијано Роналдо отишол и чекор понатаму. Реал Мадрид во 2009 година ги осигурал неговите нозе на 144 милиони долари. Во светот на фудбалот, тоа веројатно е најдобрата инвестиција.
Хајди Клум – нозе
Ниту манекенките не се исклучок. Хајди Клум ги осигурала своите долги нозе на 2 милиони долари. Во една емисија признала дека едната нога сепак вреди повеќе од другата поради мал лузна.
Кит Ричардс – раце
Гитаристот на „Ролинг Стоунс“, Кит Ричардс, ги осигурал своите легендарни раце на 1.6 милиони долари.
Даниел Крејг – тело
За време на снимањето на филмот „Зрно утеха“, Даниел Крејг одлучил да го осигурал целото тело и тоа на 9.5 милиони долари. Објаснување? Поголемиот дел од опасните сцени ги изведувал сам.
Кајли Миног – задник
Австралиската пејачка Кајли Миног е позната по својата енергија, но и по својот задник кој го осигурала на 5 милиони долари.
Мадона – гради
Кралицата на попот, Мадона, која секогаш е во центарот на вниманието, наводно ги осигурала своите гради на 2 милиони долари.
Мараја Кери – нозе и глас
Мараја Кери одлучила да не ризикува со ниту еден дел од својот блескав имиџ нозете ги осигурала на 35 милиони долари, а гласот на уште толку.
Ријана – нозе
Откако ја доби титулата „Celebrity Legs of a Goddess“, Ријана ги осигурала своите нозе на 1 милион долари за секој случај.