Либан поминува низ најлошата економска криза од 19 век

Либан/ Фото Elisa Gestri / ddp USA / Profimedia

Либан не е само во политичка криза, туку и во невидена економска криза. Светската банка тврди дека тоа е „една од најлошите кризи во целиот свет од средината на 19 век“. Либанската фунта изгуби 90 отсто од својата вредност од крајот на 2019 година. Пред кризата за 150.000 фунти се даваа 100 долари, а денес само1,5 долари.

Карим Мерхеб, сопственик на такси компанија, вели дека луѓето кои платата ја земаат во либанска валута, а не во долари, тешко можат да преживеат. Поголемиот дел од продавниците, аптеките и услужните дејности се префрлија на доларот.

„Многу Либанци зависат од парите што ги испраќаат нивните роднини од странство. Значи, тие имаат одреден прилив на долари“, вели Лина Хатиб, иден директор на Институтот за Блискиот Исток СОАС, пренесува Каматица.

Но, куповната моќ на луѓето кои немаат долари драстично опадна. Покрај тоа, банките го ограничија износот на девизи што луѓето можат да ги подигнат. Затоа и оние кои имаат пари на сметката едвај врзуваат крај со крај.

Економијата на земјата се заснова на готовински плаќања. Експертите сметаат дека тоа е опасно, бидејќи вкупните пари се слеваат во приватниот сектор. Банкарството е парализирано, а државата е пред банкрот. Но, кој е одговорен за тоа? Лина Хатиб за кризата ги обвинува носителите на одлуки, кои според неа се дел од корумпираниот политички систем: „Системот им овозможи на тие луѓе да крадат пари од државата“.

Таа додава дека Хезболах успеал да ја искористи кризата. Го контролираат шверцот од Сирија или увозот на евтина стока од Иран на која не плаќаат данок. Со години, либанската фунта беше врзана за доларот со фиксна вредност. На централната банка и се потребни девизни резерви за да ја покрие вредноста на домашната валута. Банките користеа високи каматни стапки за да привлечат клиенти да ги депонираат своите долари кај нив. Странските инвеститори ја загубија довербата, ги повлекоа парите и финансискиот систем пропадна.

Според Обединетите нации, три четвртини од населението на Либан во меѓувреме е погодено од сиромаштија. Истражувањето на Хјуман рајтс воч (ХРВ) на почетокот на 2022 година носи информации дека повеќе од едно од четири домаќинства има по еден возрасен кој мора да прескокне еден дневен оброк, бидејќи нема доволно храна за секого.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот