Левандовски: По 12 години во Германија, ми беше потребна промена

Роберт Левандовски во следните четири години ќе го носи дресот на Барселона/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски летово го истера своето, успеа да ги натера челниците на Баерн Минхен да го продадат на Барселона и сега со нетрпение го очекува дебито за каталонскиот тим во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Баварците инсистираа да го задржат Левандовски на „Алијанц Арената“, но напаѓачот инсистираше дека неговото време во Минхен е завршено и дека не планира да остане во Минхен, по што челниците на германскиот тим немаа друг избор и се договорија со Барселона.

Левандовски по осум години го напушти Минхен, а со Барселона потпиша договор до 2026 година.

– Знам дека моето заминување погоди многу фанови, можам да го разберам тоа и сакам уште еднаш да се извинам. Ми беше важно и неопходно да разберам дека сум подготвен за промена. На крајот на краиштата, сите ние сме луѓе. По 12 години во Германија, ми стана јасно дека моето време истече. Беше тешка ситуација за сите страни и моравме да го најдеме најдоброто решение. Ми беше потребна примена, да одам во друга земја, во друг клуб. Сега се чувствувам како дете кое има нова играчка – изјави Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот