Лекарската комора му ја зема лиценцата на ТикТок-анестезиологот Валтон Дервиши

анестезиолог, фото тв21

Лекарската комора му ја зема лиценцата за работа на анестезиологот од Тетово Валтон Дервиши откако тој ги снимаше и ги објави на „ТикТок“ пациентките од Одделението за гинекологија и акушерство. Лиценцата му се одзема на 7 години.

Во исто време Дервиши се соочува и со обвинение за неовластено снимање на пациентките.

Според информации на „Слободен печат“, доктор Дервиши воопшто не се жалел на обвинението од судот на честа при Лекарската комора, односно во седумте дена кои му беа дадени да се жали на обвинението, не постапил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот