Лекарска комора не може да и ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести, ќе помине само со опомена

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

„Свесното загрозување на јавното здравје подлежи на Кривичен законик, ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи, рече претседателката на Лекарска комора, Старделова.

Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска која свесно на ризик од коронавирус ги изложила пациентите, и колегите, ќе добие опомена или пак јавна опомена. Засега не можат да и ја одземат лиценцата, бидејќи во Законот за здравствена заштита не е предвидено како да се постапува ако некој доктор свесно го загрозува јавното здравје. Ова денеска на прес конеференција го истакна претседателката на Комората, д-р Калина Гривчева- Старделова.

„Свесното загрозување на јавното здравје подлежи на Кривичен законик, ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи, рече Старделова.

Од лекарската комора апелираат здравствените работници да се придржуваат до препораките на СЗО.

„Ние не сме епидемиолози, и не можеме да ги коментираме препораките на Министерството за здравство, но веруваме дека доколку се следат дадените насоки, значително ќе биде мал бројот на новозаразени од коронавирусот“. Апелираме докторите на медицина и другите здравствени работници да ги почитуваат и да се придружуваат додадените упатства во целина. Лекарската комора апелира докторите на медицина и сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија, одговорно и разумно, како и да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки, истакнаа од Лекарската комора.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот