Лекарите во Кина заиграа од среќа: Играа балет пред болницата од која излегоа излекувани пациенти

Тие со денови неуморно се бореа против коронавирусот на „првата борбена линија“, а потоа моментот на одмор го искористија за да танцуваа дел од балетот „Лебедово езеро“.

Медицинскиот персонал на една болнциа во југоисточната кинеска провинција Анхуеј од среќа заиграа во дворот откако повеќе излекувани пациенти се отпуштени од болница.

Тие со денови неуморно се бореа против коронавирусот на „првата борбена линија“, а потоа моментот на одмор го искористија за да танцуваа дел од балетот „Лебедово езеро“.

Нивниот радосен танц трогна милиони корисници на интернет ширум светот.

„Неодолливи се и заслужуваат многу почитување“, „Тие се вистински ангели“, се само некои од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот