Лекари се пресметуваат преку Антикорупциска
Докторот Идриз Орана поднесе претставка до Комисијата за спречување на корупција против неговата колешка Калина Гривчева Старделова, бидејќи смета дека таа има судир на интереси со тоа што истовремено е и директор на Клиниката за гастроетерохепатологија и претседател на Лекарска комора.
Орана во образоложението кон приговорот напишал дека судирот на интереси се состои во тоа што Гривчева Старделова како претседател на Лекарската комора, меѓу другото, има надлежност да врши контрола на работењето на здравствените установи, односно треба сама себе да се котролира кога станува збор за Клиниката за гастроентерохепатологија.
Претседателката на Лекарската комора вели дека кога била назначена за в.д. директор уредно ја известила Антикорупциската комисија.
– Лекарската комора е здружение на лекари, кои преку телата го избираат претседателот. Тоа не е именувана владина фунција, поради што и сметам дека нема судир на интереси – вели Гривчева Старделова.
Орана е поранешен директор на Психијатриската болница во Бардовци, а од 2012 до 2017 година бил член на Извршен одбор на Комората, еден период и потпретседател. Во времето кога бил дел од раководтсвото на комората, таму е вработена неговата внука.
Инаку ова не е прв случај првиот човек на Лекарскта комора да биде и директор на здравствена установа. Алексај Дума кој најдолго досега бил претседател на Лекарската комора беше и директор на Институтот за судска медицина.
Инаку Орана додека беше потпретседал на Лекарската комора, вооедно беше и советник на политичка партија во советот на Град Скопје.
Поранешната потпретседателката на Комората Ленче Неловска, беше истовремено и директор на Геронтолошкио завод во Ѓорче Петров.
Актуелната претседателка на Здружението на приватни лекари Лилија Чолакова Дервишова е и советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес.
Од Антикорупциската комисија велат дека пред да се разгледа случајот не може ништо да се каже.