Легендата на Реал Мадрид на крајот од сезоната заминува во пензија

Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Кошаркарот на Реал Мадрид и репрезентативец на Шпанија, Руди Фернандез објави дека по завршувањето на сезоната заминува во кошаркарска пензија.

На конференцијата за медиуми пред евролигашкиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Басконија во Мадрид, Фернандез најави крај.

„Веќе сум стар и почнувам да размислувам за други работи. Ми останаа уште неколку месеци и се надевам дека ќе дадам свој доприност. Се чувствував многу сакано, но и ова се завршува. Останаа уште неколку месеци да продолжам да уживам со своите соиграчи“, изјави Фернандес кој го слави својот 39. роденден.

Кариерата Фернандез ја започна во Хувентуд од Бадалона, а во два мандати го облекуваше дресот на Рeaл Мадрид. Во меѓувреме се проба и во НБА лигата во дресот на Портланд и Денвер.

Со репрезентацијата на Шпанија освои златен медал на првенствата во 2006 и 2019 година. Освојуваше и сребрен медал на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг и во 2012 година во Лондон, како и по една сребрена и бронзена на европските шампионати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот