Лажни се и денешните дојави за бомби во 20 скопски и кумановски училишта, соопшти МВР

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

По направените проверки, утврдено е дека се лажни сите пријави со закана за поставени експлозивни направи во училиштата во Скопје и Куманово што пристигнаа денеска на нивните електронски адреси, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, наведуваат од МВР.

Дојави за бомби попладнево пристигнаа на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово. в

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот