Лажни ковид пропусници во Франција, лажни вакцини во Италија

Ковид пасош/ Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Во услови на построги ограничувања, неколку земји во Европа пријавуваат повеќе случаи на лажни пропусници за ковид и сертификати за вакцинација, кои се нудат дури и на социјалните мрежи, што укажува дека отпорoт кон вакцините против Ковид-19 останува и покрај зголемената загриженост за ширењето на лесно преносливиот вид омикрон, пишуваат светските медиуми

Властите во Франција на 20 декември соопштија дека откриле над 180.000 лажни карти за Ковид, додека ден потоа, италијанската полиција во Палермо уапсила неколку лица осомничени дека земале пари за лажни вакцини. Настаните сугерираат дека отпорот кон европските барања за вакцинација останува присутен , посочува Њујорк Тајмс.

Ковид потврди во Италија / Фото EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарман овој месец изјави дека се отворени околу 400 истраги за мрежи на луѓе осомничени за давање лажни карти, вклучително и некои поврзани со здравствени работници.

Кон крајот на минатата недела, официјалните лица во Франција објавија дека наскоро само вакцинираните лица ќе имаат право на пропусници за Ковид, потребни за влез во ресторани, кафулиња и други јавни места. Според Њујорк тајмс, веста за фалсификатите нагласува дека отпорот кон вакцинацијата останува силен во одредени делови од земјата.

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни ковид-потврди/ Фото: ЕПА

Од друга страна, полицијата на Сицилија на 21 декември соопшти дека во Палермо се уапсени три лица под обвинение за поткуп, проневера и фалсификување службени документи. Меѓу уапсените е и медицинска сестра на која, според полицијата, и била платена од 100 до 400 евра за да се преправа дека ги вакцинира луѓето во тамошниот центар за вакцинација, за да можат да ги добијат „зелените карти“ потребни во Италија за извршување одредени работи и учество во . социјални активности.

Полицискиот удар на лажните пропусници доаѓа во време кога многу земји кои се соочуваат со високопреносливиот вид омикрон – кој со молскавична брзина се шири низ европскиот континент – ги заоструваат рестриктивните мерки, пишува Вашингтон пост.

Ковид Австрија
Ковид лекари во Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Холандија беше првата држава што воведе целосно заклучување на 19 декември. Во Велика Бртианија експертите го повикуваат премиерот Борис Џонсон да ги заостри мерките за забавување на растечкиот број на нови инфекции, иако тој засега не планира да ги смени правилата

Француските власти не сакаат да воведат нов полициски час или карантин за лицата кои се вакцинирани, а според некои податоци ги има околу 70 отсто. Сепак, додава весникот , властите тврдат дека заканата од омикрон значи дека властите мора да го зголемат притисокот врз оние кои одбиваат вакцинација.

Воведувањето на француската здравствена пропусница ова лето предизвика повеќенеделни протести ширум земјата, посочува Вашингтон пост и додава дека, иако протестите се намалени, сè уште се пријавуваат инциденти на вандализам во центрите за вакцинација и на други локации.

вакцинација србија
Вакцинација против ковид-19 /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Измамниците ги насочуваат луѓето на Фејсбук да посетуваат страници за кои се тврди дека продаваат лажни ковид пропусници за оние кои не биле вакцинирани, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека во една објава, продавачот тврдел дека може да достави сертификати во 22 земји, вклучувајќи ги Португалија, Франција, Грција. , Шпанија, Австралија, Латвија, Мароко и Обединетото Кралство.

На таканаречениот „Дарк веб“ додава британскиот јавен сервис, сертификатите за ковид се продаваат заедно со дрога, оружје и украдени стоки, а продавачите тврдат дека обезбедуваат документација од многу земји, вклучително и САД и ЕУ. Не само што нуделе хартиени сертификати, туку, според Би-Би-Си во својата истрага, тие наводно можеле да обезбедат апликации на националните здравствени установи со QR-кодови, наведувајќи дека работат со луѓе во здравствените тела кои можат да додадат информации во базата на податоци.

Атина Грција ресторан ковид-19 коронавирус
Ресторан во Атина, Грција / Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Би-Би-Си, исто така, најде неколку објави на Фејсбук поврзани со канали во апликацијата за шифрирана пораки Телеграм, која нуди продажба на сертификати за ковид на невакцинирани луѓе. Анализата на Би-Би-Си и Контролната точка за сајбер безбедност покажа дека во текот на седумте месеци помеѓу декември 2020 година и јули 2021 година, бројот на канали на Телеграм кои нудат пропусници за ковид на неколку јазици се зголемил – од помалку од 10 на повеќе од 1.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот