Лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром, досега проверени и дел од училиштата

Антитерористичките единици на МВР ги завршија проверките во Аеродром Скопје и во дел од училиштата и потврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопшти Министерството.

По завршувањето на проверките во другите објекти, соодветно ќе извести полицијата.

Утрово во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

ТАВ Македонија соопшти дека летовите не се откажани, но сообраќајот по добената закана е запрен,  a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот биле безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи ги правеле проверка на објектите на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот