Лажат оние што тврдат дека Путин е болен, се крие во бункер и користи двојник, тврди Кремљ

Владимир Путин
Владимир Путин /Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Кремљ денеска ги отфрли тезите дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојници, нарекувајќи ги „лаги“. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков, исто така ги негираше гласините дека Путин поголемиот дел од времето го поминува во бункер.

„Веројатно сте слушнале дека тој има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер“, рече Песков на конференција во Москва. „Уште една лага“, додаде тој, смеејќи се.

„Можете сами да видите каков е нашиот претседател: тој отсекогаш бил и сега е суперактивен, а оние што работат со него тешко можат да го следат“, додаде Песков.

„Се разбира, тој не седи во ниту еден бункер. И тоа е лага“, рече тој.

Кремљ, исто така, постојано ги отфрла шпекулациите дека Путин е болен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот