Лазаров: РК Алкалоид во Европската лига ќе се обиде да биде конкурентен тим кој не се откажува

фото: РК Алкалоид

Откако лани беше вицешампион во македонската ракометна Супер лига, Алкалоид во новата сезона ќе игра во групите на ЕХФ Европската лига.

Младите и талентирани играчи предводени од тренерот Кирил Лазаров се во групата „Ф“ заедно со Бјерингро-Силкеборг (Данска), Логроњо Ла Риоха (Шпанија) и РК Војводина (Србија).

Првиот официјален европски меч РК Алкалоид ќе го има во Скопје против Војводина на 17 октомври во СЦ „Јане Сандански“.

– Настапот во Европската лига е ново поглавје и искуство за нас како клуб. Ќе играме против веќе добро етаблирани тимови во ЕХФ клупските натпреварувања. Нашата цел е да се подготвиме и да го започнеме секој натпревар со позитивни мисли, како и победнички менталитет затоа што исто така ја претставуваме нашата земја во Европа. Конечно, едвај чекаме да започне Европската лига и ќе се обидеме да се претставиме како конкурентен тим кој никогаш не се предава. Воедно, за квалитетна и конкурентна репрезентација е од суштинско значење да има силни клубови во домашната лига каде што македонските играчи ќе имаат клучна улога – се зборовите на Лазаров на официјалниот сајт на ЕХФ.

РК Алкалоид е еден од најмладите состави во групната фаза на Европската лига со просечна возраст од само 24 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот