Лавров и Чавушоглу поддржуваат мирно решение за Нагорно-Карабах

Нагорно-Карабах / 28 септември 2020 / Фото: ЕPA-EFE / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во телефонскиот разговор помеѓу министрите за надворешни работи на Русија и на Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу беше потенцирано дека нема алтернатива за мирно решавање на судирот во Нагорно-Карабах.

„Во рамките на редовните руско-турски контакти на највисоко ниво тие разговараа за ситуацијатра во Нагорно-Карабах. Министрите истакнаа дека нема алтернатива за мирното решавање на проблемот“, објави руското Министерство за надворешни работи.

Лавров и Чавушоглу потенцираа дека треба строго да се почитуваат одредите од Договорот од Москва за прекин на огнот.

„Неопходен е итен прекин на огнот во регионот со одобрување на контролните механизми за негова примена“, истакна двајцата министри.

(Извор. МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот