Лапорта јавно соопшти дали Барселона ќе го купува Халанд

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, конечно стави точка на шпекулациите за евентуаниот ангажман на Ерлинг Халанд, изјавувајќи дека финансиската состојба во која се наоѓа клубот не му дозволува да се вклучи во трката за потписот со напаѓачот на Борусија Дортмунд.

Тој смета дека во моменти кога клубот има долгови од околу 1.5 милијарда евра, не е многу паметно да се впушти во трката по потписот со Халанд кој би го чинел клубот околу 300 милиони евра, вклучувајќи го обесштетувањето, провизиите за агентот Мино Рајола и таткото Алф-Инге Халанд како и платата за петгодишниот договор на Ерлинг.

– Нема да реализираме ниту еден трансфер кој би можел да го донесе клубот во опасност. Тоа е нашата филозофија. Можете да зборувате за играчите, за големи финансиски зделки, но треба да знаете една работа, Барселона нема да ја „загуби главата“ на трансфер пазарот – им изјави Лапорта на новинарите.

Претседателот на Барселона потврди дека во летниот преоден рок на „Камп Ноу“ ќе пристигнат четири засилувања.

– Ќе реализираме најмалку четири трансфери за да ги засилиме нападот, средината и одбраната. Френк Кеси веќе потпиша, а со Андреас Кристенсен имаме усен договор – додаде Лапорта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот