Лани во Италија биле регистрирани 16.307 земјотреси

Знаме на Италија / Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Во 2023 година, во Италија биле регистрирани 16.307 земјотреси, што значи по еден потрес на секои 30 минути, објави веб-страницата Sky TG 24, цитирајќи го Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Најсилен беше земјотресот на 1 мај во 4 часот и 41 минута во близина на брегот на Калабрија со јачина од 5,2 степени.

Сеизмички најактивна област била Сицилија со вкупно 181 сеизмички настан со магнитуда поголема од 2 степени, додека Сардинија е област со најмала сеизмичка активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот