Лампард немал никаква контрола, во Челси владел вистински хаос

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Челси одигра една од најлошите сезони во историјата, клубот под водство на Тод Боели доживеа драматичен пад во секој поглед. Сезоната „сините“ ќе ја завршат во долниот дел на табелата, а во случај на пораз во последното коло можат да бидат и на 14-тата позиција.

Според пишувањето на англискиот „Телеграф“ во Челси се случувал вистински распад систем во кој никој немал контрола. Овој медиум пренесува дека скоро секогаш некој фудбалер во текот на сезоната доцнел на собирот пред гостувањата, а исто така имало фудбалери кои отворено зборувале дека сакаат да заминат.

Како привремен менаџер во клубот пристигна Френк Лампард кој самиот нагласуваше дека играчите мораат да ги подигнат своите стандарди за да го вратат клубот на патот до успехот, но не ги санкционираше. Фудбалерите кои доцнеле на тренинзите не биле казнува, сетоа тоа било толерирано.

Бројот на играчи во тимот станал преголем, па поради некои морале да седат и на земја при тимските состаноци. Исто така поради преголемиот број фудбалери, Лампард не можел сите да ги следи на тренинзите и да посвети поголемо внимание.

Според информациите од англиските медиуми, Лампард се обидувал со индивидуални состаноци да го поправи однесувањето, но тоа не донело никаков резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот