Лампард и официјално седна на клупата на Евертон

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Поранешниот фудбалер на Челси и на англиската репрезентација, Френк Лампард, денеска и официјално е претставен како нов менаџер на Евертон. Лампард доаѓа на местото на Рафаел Бенитез кој доби отказ по лошите резултати сезонава, Евертон  по 20 кола има само 19 бода и се наоѓа на 16 место на табелата во Премиер лигата.

Тој со Евертон потпиша договор до 2024 година, а дебито на клупата на „карамелите“ ќе го има на 5 февруари во натпревар од четвртото коло од ФА купот против Брентфорд.

– Голема чест ми е да го претставувам и водам тимот кој има традиција и големина како Евертон, Со нетрпение чекам да почнам со работа, а по разговорите сосопственикот, претседателот и со луѓето од Управниот одбор, ја почувствував нивната страст и амбиција. Се надевам дека и тие ја почувствуваа мојата желба за работа и успеси – изјави Лампард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот