Лајен: Формирањето заедничка платформа за набавката на гас е голем успех

Гас фото МИА

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска по пристигнувањето на самитот на Европската политичка унија во Гранада оцени дека една од темите на самитот ќе биде енергетиката и посочи дека формирањето заедничка платформа за набавката на гас е голем успех.

Според неа, ЕУ се соочила со голема енергетска криза поради, како што тврди, руската уцена на фосилните горива, но дека, благодарение на управувањето со кризата, цените драстично се намалиле и складиштата се целосно полни.

„Создадовме заедничка платформа за заедничко купување гас, тоа е голем успех и овој успех се гледа по тоа што на оваа платформа за енергетика не се приклучија само 27 земји-членки на ЕУ, туку и други земји-членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот