Курти му пиша на Тачи: Не прави притисок, блиску сме до договор

Курти во писмото му вели на Тачи да не прави политички оценки и притисок во процесот на формирање на владата.

Претседателот на Самоопределување (ВВ), Албин Курти му одговори на писмото на Претседателот на Косово, Хашим Тачи, испратено на 10 јануари 2020 година, во кое тој бара од Курти, што побрзо да определи кандидат за нов премиер на Косово.

Курти во писмото му вели на Тачи да не прави политички оценки и притисок во процесот на формирање на владата.

Според него улогата на претседателот е пасивна во целиот процес на формирање на владата и дека тој само формално му дава мандат на кандидатот, во моментот кога до него ќе биде испратено името од субјектот кој го има парламентарното мнозинство.

Лидерот на ВВ вели дека Самоопределување писмено ќе го испрати името на кандидатот за премиер во моментот кога ќе постигнат договор.

Тој во писмото објаснува дека се наоѓаат во финалната фаза за постигнување договор со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот