Курти и Гервала ќе го претставуваат Косово на вечерашната седница на Советот за безбедност на ОН

Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти и министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала ќе учествуваат на вечерашната седница на Советот за безбедност на ОН, што се одржува на барање на Србија, дознава Бета.

Агенцијата Бета од косовското Министерство за надворешни работи дознава дека Курти ќе се обрати на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, закажана на барање на Белград, ќе се одржи вечерва во Њујорк во 21 часот по средноевропско време, а Србија биде претставена од претседателот Александар Вучиќ.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вчера за РТС изјави дека Хју Тод, министерот за надворешни работи на Гвајана, кој во моментов претседава со Советот за безбедност, го информирал дека седницата се очекува да биде отворена за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот