Курц е обвинет за лажно сведочење пред парламентот

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред парламентот, соопшти денеска Обвинителството за економски криминал и корупција. Курц и неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет на австрискиот парламент поврзани со наводната корупција на нивната влада“, соопшти обвинителството.

Неговото судење ќе започне на 18 октомври, а доколку биде прогласен за виновен, Курц се соочува со три години затвор, соопшти судот во Виена.

Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за нарушување на довербата, корупција и поткуп со различен степен на вмешаност.

Поранешниот лидер на екстремната десница Хајнц-Кристијан Штрахе, заменик-канцелар на Курц, поднесе оставка во 2019 година, откако се појави видео на кое тој разговара со жена која се претставува како внука на руски олигарх и ја нуди нејзината политичка услуга во замена за партиски донации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот