Кулушевски за Пандев: Беше Македонец, како нас – горди што постигна толку важен гол за Интер

фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Во Лигата на шампионите, во реванш натпреварот од осминафиналето Тотенхем беше домаќин на Милан.

Англискиот претставник пред своите навивачи во Лондон не успеа да ја анулира минималната негатива (0:1) од првиот меч одигран во Италија.

Играчот на Тотенхем, Дејан Кулушевски за официјалниот сајт на УЕФА зборуваше за своите први фудбалски чекори. На репрезентативен план играше за младинските селекции на Македонија, но одлучи да игра во сениорскиот дрес на Шведска.

Најавен како еден од највозбудливите, талентирани играчи во Европа, се потсети и на златниот момент од март 2011 година кога нашиот поранешен репрезентативец Горан Пандев реализираше победнички гол за Интер против Баерн (3:2) за пласман во четвртфиналето на ЛШ.

– Тој беше Македонец, како нас. Бевме горди што можеше да постигне толку важен гол – се зборовите на Кулушевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот