
Култните „Ајрон Мејден“ го изненадија Новак Ѓоковиќ: Тенискиот ас дел од последен албум на хеви – метал бендот
Славните музичари го објавија својот последен, 17-ти албум „Senjutsu“ на 3 септември и им се заблагодарија на многу познати спортисти на обвивката на албумот. Меѓу другите, на листата се најде и името на Новак Ѓоковиќ.
Препорачано
Еден од најдобрите метал бендови, славните „Ајрон Мејден“, го изненади најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
„Ајрон Мејден“ го издадоа својот 17 – ти студиски албум наречен „Senjutsu“, а вниманието го привлече погледот на имињата на луѓето на кои бендот им се заблагодарил.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ на престижниот список
Имено, во делот посветен на луѓето на кои членовите на овој бенд, основан уште дамнешната 1975 година во Лејтон, источно од Лондон, басистот и лидер на бендот Стив Харис, меѓу другите, му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ не е единствениот спортист кој се нашол меѓу луѓето кои бендот ги спомнал, бидејќи тука е и фудбалскиот клуб Мејдонијанс, неизбежниот Вест Хем, чиј грб Харис инаку го има на својата гитара (со тетоважата), како и легендарниот тенисер и едно од „лошите момчиња на белиот спорт“, Пет Кеш.
Иако не е познато што се крие зад одлуката името на Новак да се најде меѓу избраните луѓе, сепак, не е толку тешко да се разбере позадината. Имено, за време на турнирот во Монте Карло, Ѓоковиќ го добил на подарок соло албумот на гитаристот на „Мејден“ и рекреативен тенисер Адриен Смит, а и тапанарот Нико Мекбрејн е редовен посетител на Вимблдон. Додека, наводно, и самиот Харис во повеќе наврати го посетил тенискиот комплекс во текот на најпрестижниот турнир во светот и во таа прилика најголемиот дел од времето го поминал играејќи тенис со Ѓоковиќ „зад затворени врати“.
Вљубени во спортот
Знаејќи за љубовта на „Ајрон Мејден“ кон спортот, ова и не е толку изненадувачки. Љубовта на Харис кон Вест Хем, за кој игра во селекцијата на ветерани, е документирана и во официјалната соработка за дресовите во рамките на колекцијата „Умри со облечени чизми“. Брус Дикинсон, еден од најдобрите пејачи во историјата на метал музиката, долго време се занимавал со мечување, додека Мекбрејн поради својата опсесија со голфот бил во опасност да пропушти дел од турнејата низ Јужна Америка кога во Костарика топчето го удрило во зглобот.