Кулеба се двоумел дали да му удри бокс на Лавров за време на преговорите во Турција

Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров / Фото: CEM OZDEL / AFP / Profimedia

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, во интервју објавено во понеделникот, рече дека имало моменти кога чувствувал потреба да му удри тупаница во носот на својот руски колега Сергеј Лавров за време на разговорите во раните фази на руската инвазија, пренесува Ројтерс.

Изјавите на Кулеба беа дел од едночасовното неформално интервју со украински видео блогер во кое тие разговараа за различни теми, од готвење како хоби до украинскиот фудбал.

Запрашан, како дел од серијата брзи прашања, за неговиот најтежок сет на преговори, Кулеба рече: „Најтешките разговори се оние каде што едноставно се чувствувате како да сакате да одите и да го удрите противникот во нос, но навистина не можете.”

Дмитро Кулеба / Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Тој продолжи: „И можам да кажам дека тоа се случи два или три пати. Еднаш беше со Лавров во Анталија во пролетта 2022 година“.

Украинските и руските преговарачи се сретнаа на неколку рунди разговори во првите недели по инвазијата во февруари 2022 година – прво во близина на границата на Украина со Белорусија, а подоцна и во Турција.

Кулеба тогаш изјави дека преговорите во Турција биле тешки и дека станува збор за прекин на огнот и уредување на хуманитарни коридори. Во тие разговори не беше постигнат договор и оттогаш нема никакви преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одбива да преговара со Москва додека руските трупи не се повлечат од Украина. Лидерот на Русија, Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена за разговори, но вети дека ќе продолжи со, како што Москва ја нарекува, „специјалната воена операција“.

Во Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека последните изјави на Кулеба ја нагласуваат неспособноста на украинското раководство.

„И тоа е проблемот: необразовани, агресивни луѓе се регрутираат под маската дека служат како министри за да ја уништат Украина за американски пари“, изјави Захарова за дневниот весник „Известија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот