Куќен притвор за жител на Арачиново осомничен за недозволено поседување дрога и муниција

 Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 21-годишен жител на Арачиново за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, а судија на претходна постапка му определи мерка куќен притвор.

Како што информираат од ОЈО, при претрес во семејната викенд куќа, во атарот на селото Арачиново, на 9 февруари годинава, било утврдено дека осомничениот неовластено за продажба држел наркотична дрога марихуана спакувана во четири полиетиленски паковки со вкупна нето маса од 281,12 грама и хашиш во вкупна нето маса од 80,75 грама. Притоа била пронајдена и смеса со маса од околу 1,5 килограми, за која со дополнително вештачење било утврдено дека не претставува наркотична дрога, туку е мешавина од кофеин и парацетамол која се користи за зголемување на масата на наркотичната дрога наменета за продажба.

Полициските службеници кај осомничениот пронашле и муниција – осум куршуми со калибар 9 мм наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата со решение на осомничениот му определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа, соопшти ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот