Куфер со радиоактивен материјал најден во авион на Свис Ер

Свисер / Фото EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Куфер со радиоактивен материјал со „низок интензитет“ бил откриен во авион на Свис Ер по слетувањето во Барселона, додека патниците биле во него.

Авионот што летал од Цирих за Барселона изутрината слетал на аеродромот „Ел Прат“, југозападно од главниот град, јавуваат британските медиуми.

Во соопштението на социјалните мрежи, силите за цивилна одбрана на областа соопштија дека активирале „планови за вонредни состојби како одговор на предупредување за инцидент со пакет радиоактивен материјал на ниско ниво, транспортиран во авион“.

Извори за барселонскиот весник „Национал“ изјавиле дека пет работници „превентивно“ биле префрлени во медицински центар, а изолирани се и неколку патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот