
„Крвавата Месечина“ над Македонија и во светот: Небесен спектакл што нема да се повтори до 2029 година
Во ноќта помеѓу 7 и 8 август се случи целосно затемнување на Месечината, познато и како „крвава Месечина“.
Препорачано
Затемнувањето на Месечината можеше да го видат повеќе од седум милијарди луѓе во целиот свет, што го прави највидливото затемнување во повеќе од 10 години.
Овој небесен феномен се случува кога Земјата поминува точно помеѓу Сонцето и Месечината, фрлајќи ја својата сенка врз Месечината. Иако е во сенката на Земјата, Месечината не исчезнува целосно, туку добива црвеникава нијанса. Таа боја е резултат на распрснување на сончевата светлина низ атмосферата на Земјата, слично на тоа како зајдисонцата изгледаат црвени.
Низ историјата, „крвавите Месечини“ биле гледани со страхопочит, а според народните преданија, тие биле поврзани со пророштва и важни настани.
Последното целосно затемнување на Месечината беше во март годинава, а пред тоа се случи во 2022.
Следното широко видливо целосно затемнување на Месечината нема да се случи до 2029 година.
Неделното затемнување на Месечината, меѓу другото, може да биде „корисно“ за оние кои сè уште се сомневаат дека нашата планета не е во обликот каков што е.
Имено, благодарение на затемнувањето на Месечината, уште во 3 век п.н.е., античкиот астроном и математичар Аристарх од Самос, гледајќи го обликот на сенката на Земјата на Месечината, заклучил дека Земјата е тркалезна.
Најдолгото затемнување на Месечината досега траело цели 6 часа и 30 минути.
Погледнете како изгледаше овој несекојдневен феномен над Македонија и во светот:



View this post on Instagram
„Крвавата Месечина“ над Сиднеј, Австралија
View this post on Instagram
„Крвавата Месечина“ во Шведска
View this post on Instagram
„Крвавата Месечина“ во Германија
View this post on Instagram