Фото: EPA-EFE/TORBEN CHRISTENSEN DENMARK OUT

Крв до колена: Фронтменот на групата „Ајрон Мејден“ ќе глуми во хорор-филм

Фронтменот на хеви-метал групата „Ајрон Мејден“, Брус Дикинсон, доби улога во новиот хорор-филм со зомби „Бјорн на мртвите“ (Bjorn of the Dead).

Приказната се базира околу трибјут-бендот „АББА“, кој заглавува во третокласен ноќен клуб на натпревар за трибјут- бендови, ноќта на почетокот на апокалипсата.

Како што објави „Дедлајн“ пред неколку дена, водечкиот лик Бјорн и неговиот бенд „мора да работат заедно за да се спасат себеси, човештвото и иднината на музиката“.

Ова не е прв налет во светот на филмот за искусниот и сестран Дикинсон. Тој го напиша сценариото за научно-фантастичниот хорор „Хемиска свадба“ (Chemical Wedding) во 2008 година, во кој Сајмон Калоу го играше професорот Оливер Хадо / Алистер Кроули, најпознатиот окултист и мистик на 20 век. Тој самиот имаше мали улоги во тој филм.

Пејачот на групата е еден од многуте познати луѓе од светот на рокот и хеви-металот кои ќе се појават во филмот. Сценарист на филмот е синот на Брус, Остин Дикинсон, а се базира на оригинална приказна на Ендрју Прендергаст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот