Кривична за сопственик на фирма, го оштетил државниот буџет со 3.017.874 денари

Фото: МИА

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против лицeто Ж.А. во својство на управител и сопственик на пријавеното Друштво за внатрешен и надворешен промет МАЛЕШ ПРОДУКТ ДООЕЛ Делчево.

Како што соопштија денеска од Управата за финансиска полоиција, Ж.А. со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект,  спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи во даночниот биланс за 2015 година поднесен до Управата за јавни приходи во име на пријавеното правно лице, не пријавил приходи од застарени обврски по основ на фактури, аванси и позајмици постари од три години, во вкупен износ од 30.178.740 денари.

Со тоа пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10 проценти во вкупен износ од 3.017.874 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот