Кривична пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба

Агенција за катастар на недвижности / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вработена во Агенцијата за катастар на недвижности ја злоупотребила својата службена положба така што на 24 април 2015 година, постапувајќи по пријава за отстранување на техничка грешка доставена до АКН од страна на правно лице од Скопје, кое сега во стечај извршила промена на сопственоста и упишала реални делови наместо идеални делови. Со ова, пријавената му овозможила спротивно на законот непречено да располага со недвижниот имот, на штета на трети лица кои со правното лице склучиле преддоговор за заедничка градба, иако истата била должна поднесената Пријава да ја отфрли како некомплетна.

Полицијата во текот на денешниот ден поднесе кривична пријава против 41-годишната Т.Б. од Скопје за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ.

Имено, на 06 јуни 2003 година бил склучен Договор за размена помеѓу правното лице во својство на инвеститор и лицата Ж.Ч.Н., Љ.Ј.Ч. и Т.Ч., сите сопственици на земјиште, каде што предмет на Договорот била изградба на станбено-деловен објект, за што од страна на општина Центар на ден 05.03.2014 година било издадено Одобрение за градба со кое им било одобрено градење на станбено-деловна зграда во сооднос 70 проценти за правното лице и 30 отсто на останатите градители. За време на изградбата на објектот, на 24.04.2015, правното лице до АКН поднело Пријава за отстранување на техничка грешка, без притоа да ја поднесе соодветна документација, без да приложи било какви списи и без да наведе што точно се бара со исправката на грешка, и по изготвен стручен наод и мислење од страна на стручно лице од геодетска насока предметот бил доставен кај кривично-пријавената на одлучување, велат од МВР.

Пријавената иако била должна да го отфрли барањето како некомплентно, на 29 април 2015 година иако не биле исполнети предвидените услови постапила по пријавата за исправка на техничка грешка и спротивно на Законот во постапка за исправка на техничка грешка извршила промена на податоците на носителите на правата на конкретната недвижност во листовите за предбележување, односно Т.Б. извршила промена на сопственоста на недвижност.

За извршената промена била издадена Потврда за отстранување на грешка и дополнително, а спротивно на Законот за катастар на недвижности, потврдата не била доставена до останатите сосопственици на недвижноста, со што им било ускратено законското право на правна заштита, односно можноста истата да ја оспорат пред надлежен орган.

До АКН преку ополномоштен адвокат, од страна на трговско друштво од с. Звегор, Делчево било доставено Пријава за запишување на промена во катастарот на недвижностите, а кон пријавата како правен основ била приложена Пресуда со датум од 27.05.2019 изречена од страна на Основен граѓански суд Скопје. Имено, на 20.07.2015 г. помеѓу правното лице од Скопје и трговското друштво од с. Звегор бил склучен Преддоговор за купопродажба на недвижен имот согласно кој продавачот, правното лице од Скопје, презел обврска да му пренесе во сопственост на купувачот соодветен дел од објектот, земјиштето под и околу објектот односно да му пренесе во 70 проценти сопственост од изградениот објект, градежното земјиште, паркинг местата и заедничките простории, додаваат од МВР.

Правното лице перзело обврска веднаш по добивање на имотен лист како доказ за сопственоста на земјиштето под објектот да склучи главен договор со кој истото ќе му го пренесе во сопственост на трговското друштво од село Звегор. Од страна на трговското друштво од село Звегор објектот бил довршен и при постапката за упис на сопственоста заедно со другите инвеститори во АКН, од страна на трговското друштво увидено е дека постои прибелешка од страна на УЈП, поради што поднело тужба до Основен суд Скопје.

По поднесената тужба била донесена Пресудата од 27 мај 2019 година согласно која правното лице од село Звегор се стекнало со право на првенство на укнижување на право на сопственост без товари на реални делови од недвижен имот и оваа пресуда преставува основ за промена во катастарската евиденција во нов имотен лист и издвојување на овој имот од останатиот имот на другите сосопственици, за кои било утврдено истите да го задржат својот идеален дел.

Со Пресудата покрај утврденото право на првенство на укнижување и право на сопственост АКН била задолжена да изврши и бришење на сите правни дела-хипотеки и реални товари, запишани по предбележувањето на склучениот Договор помеѓу правното лице од Скопје и трговското лце од с. Звегор, со што е нанесена штета на трети лица. Со горенаведените инкриминирачки дејствија, пријавената постапувајки надвор од границите на своите службени овластувања и злоупотребувајки ја својата службена положба и овластувања, на штета на трети лица, му овозоможила на правното лице од Скопје спротивно на законот непречено да располага со недвижниот со што го сторила кривичното дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ, известува Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот