Кривична пријава за обид за убиство, одредена мерка притвор

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против пет лица во врска со кривично правен настан на 8 март околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога пет лица со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.

-Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода, соопшти денеска МВР.

Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот